Commons:Искористување на содржините вон Викимедија

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to: navigation, search
Искористување на содржините вон Викимедија на други јазици:

Alemannisch | català | čeština | Deutsch | English | español | français | italiano | македонски | 日本語 | 한국어 | Nederlands | occitan | português | русский | slovenščina | suomi | 中文(繁體)‎ | 中文(简体)‎ | +/−

Оваа страница е наменета за оние што сакаат да искористат материјали (текст и/или графика) од проектите на Викимедија — на свое мрежно место, во печатен облик, или поинаку. Овој текст се однесува претежно на Ризницата бидејќи ова е наменска збирка од искористливи мултимедијални податотеки.

Фондацијата Викимедија не поседува речиси никакви содржини на проектите на Викимедија — тие се во сопственост на поединечните автори. Меѓутоа речиси сите содржини можат слободно да се искористуваат вон Викимедија без потреба од поединечни дозволи според условите на конкретната лиценца под која делата учествуваат во проектот. Нема потреба од добивање на изјава за одобрение од лицето (освен ако сакате делото да го користите под поинакви услови од оние наведени во лиценцата).

Иако информациите за авторски права и лиценцирање за секоја слика се сметаат за точни, Фондацијата Викимедија не дава никаква гаранција за авторскиот правен статус или пак за точноста на условите на лиценцата. Ако решите да употребите податотека од Ризницата, вие самите треба да го утврдите нејзиниот авторски правен статус, исто како за слики од други извори.

Може да важат и други ограничувања. Тука спаѓаат заштитени знаци, патенти, права на личноста, морални права, права на приватност или било кој од разните правни одредби што се независни од авторското право и во голема мера зависат од држава до држава.

Шематски водич за правилата на искористување на содржините

Лиценци во проектите на Викимедија[edit]

Текст[edit]

Сите текстови на сите проекти на Викимедија освен Викивести, се во сопственост на оној што ги напишал и се под лиценцата Creative Commons Наведи извор-Сподели под исти услови 3.0 и ГНУ-овата лиценца за слободна документација. Бидејќи поединците го задржуваат авторското право на нивните текстови, тие може да ги понудат своите придонеси под други лиценци, или пак да ги предадат во јавна сопственост.

Викивести е под лиценцата Creative Commons Наведи извор 2.5 (CC-BY).

Слики[edit]

Речиси сите слики на Ризницата се под некаква слободна лиценца (обично CC-BY, CC-BY-SA или GFDL) или во јавна сопственост. Погледајте Commons:Licensing.

Кога ќе кликнете на слика на било кој проект ќе бидете одведени до информативната страница за таа слика. Таму стојат информациите наведени од подигачот, каде спаѓа авторскиот правен статус, сопственикот на правата и условите на лиценцата.

„Праведна употреба“ (не важи за содржините на Ризницата)[edit]

Предупредување. Извесни содржини на опслужувачите на Викимедија не се достапни под слободна лиценца, особено некои слики на македонската или англиската Википедија. За овие важат регулативите за „праведна употреба“ (fair use) согласно законот на САД. Пред да користите вакви содржини, треба да проверите дали саканата употреба е во согласност со локалните регулативи за праведна употреба, или пак побарајте дозвола непосредно од имателот на авторските права. Ова не е различно од преземањето слики од било кое место на интернет.

Логоа на Фондацијата Викимедија[edit]

Логото на Фондацијата Викимедија и логоата на поединечните проекти (на пр. Википедија, Ризница) се заштитени знаци на Фондацијата Викимедија и таа има авторски права на нив. Тие обично не се достапни за други намени, но нивната употреба во пречатот и медумите кога се зборува за проектите на Викимедија е дозволено. Во вашата држава може да важат и локални закони за „праведна употреба“ (на пр. за академски или критички цели). За секоја друга намена, прво исконтактирајте ја Фондацијата.

Како да се придржувате кон условите на лиценците[edit]

Поднасловите што следат се преглед на лиценците, со објаснение како да се придржувате до нив.

Ако едно дело е издадено под една единствена лиценца, тогаш мора да се следат сите услови на таа лиценца. Ако делото е повеќелиценцирано (т.е. издадено под две или повеќе лиценци), оние што го искористуваат делото можат самите да изберат која лиценца да ја следат. Освен кај материјалите што се во јавна сопственост, во сите други случаи на страницата за опис на сликата се бара врска до полниот текст на лиценцата (или лиценците). Некои лиценци даваат и резиме.

За да ги дознаете правните подробности, прочитајте ги лиценците во целост. Ниту Фондацијата Викимедија, ниту создавачите на материјалите на страниците на Викимедија можат да дадат правен совет. Ако ви треба да се консултирате како една лиценца важи во даден контекст, тогаш ќе треба да се обратите кај соодветно правно лице.

Јавна сопственост[edit]

Содржините означени како јавна сопственост (или некој локален еквивалент, на пр. „може да се користи за било каква намена“) е материјал врз кој не постојат авторски права, или бидејќи се истечени, или поради тоа што самиот автор го предал делото во јавна сопственост.

Имајте предвид дека во извесни земји може сепак да важат неотуѓиви морални права и други ограничувања за некои употреби.

Честа практика кај издавачите е да создаваат дела во јавна сопственост, па да ги издаваат под свои авторски права. Ова не е противзаконски, но нема влијание врз јавносопственичкиот статус на изворната слика. Ако ја означите сликата со нејзиното потекло (од каде сте ја зеле и од каде е изворно) и го наведете името на создавачот, ова може да ни помогне ако се појави спор со некој таков издавач.

ГНУ-ови лиценци[edit]

ГНУ-ова лиценца за слободна документација (GFDL)[edit]

За просто распространување, вклучете ја верзијата до која ви дале пристап и сета нејзина историја, сосе наведувањата, и ставете ја лиценцата GFDL (мак. ГЛСД) (со врска на истото мрежно место или нејзината содржина испечатена). Придржувањето е лесно кај мрежни места и книги, но (засега) е тешко за летоци, списанија и весници.

Слободно можете да правите изведени (преработени) дела и да ги умножувате, распространувате, прикажувате и изведувате делата, па дури и комерцијално. За да се придржите до лиценцата (а) издајте ја под GFDL, (б) наведете ги сите автори или создавачи на содржината (ако имате насловна страница, таму наведете барем пет со најсуштинси придонеси) и (в) приложете целосен примерок од текстот на лиценцата GFDL. Во случај на изведени дела мора да ја приложите и сета историја на преработки.

Не постои правно утврден начин на определување кои пет автори се суштински за целите на GFDL. Предлагаме употреба на еден доследен метод како број ан уредувања, број на зборови, употребени часови или нешто од сличен карактер.

Сите изведени дела мора да се лиценцираат исто така со GFDL (ГЛСД).

Кога користите фотографија под GFDL како дел од поголемо дело, поголемото дело *не мора да биде* под GFDL за таа употреба да не излегува од рамките на условите на лиценцата. На прашањето колкав дел од на пр. книга се смета за „поголемото дело“ според условите на лиценцата, Фондација за слободен софтвер (Free Software Foundation), творците на лиценцата GFDL, дека резимирањето не може да го заемни она што се вели во текстот на лиценцата, и ако не е сгурно, лицето треба да побара соодветен правен совет. Сега, лиценцата GFDL цели „Кога Документот е вкллучен во збирна целина, оваа Лиценца не важи за останатите дела од збирот под услов да не се изведени дела од Документот“. Затоа, поголемото дело не (секогаш) треба да се издава под GFDL.

GNU, GPL и LGPL[edit]

ГНУ-овата општа јавна лиценца (GNU General Public License, GPL) и Ограничената општа јавна лиценца (Lesser General Public License, LGPL) се лиценци за сметачки програми и обично не се користат за текст и мултимедијални податотеки. Меѓутоа на Ризницата постојат извесни содржини (на пр. икони или екрански снимки од сметачки програми) кои се лиценцирани со GPL или LGPL.

За просто распространување на таков материјал, вклучувајќи изменети верзии, (а) издајте ја вашата верзија под истата лиценца (б) наведете ја изворната верзија, т.е. нешто што е исто толку уредливо колку она што вие сте го уредиле (на пр. слика, GIMP .xcf податотека и тн.).

Имајте предвид дека ГНУ-овата општа јавна лиценца (GNU General Public License, GPL) и ГНУ-овата лиценца за слободна документација (GNU Free Documentation License, GFDL) не можат да одат заедно. Ова значи дека во едно исто „дело“ не можете заеднички да користите содржини лиценцирани со GFDL и содржини лиценцирани со GPL — на пр. изворен код од сметачки програм од GPL вметнат во објаснителен текст под GFDL. Меѓутоа кога има слики под GPL во страница со текст под GFDL, оваа ситуација обично се смета за збир од две дела, а не една целина и затоа е дозволиво.

Creative Commons[edit]

Највеќето лиценци на Creative Commons не се наменети за слободна содржина и затоа на Ризницата не можат да стојат самостојно како дозволиви сами по себе. Меѓутоа седниве се дозволиви и ќе ги најдете на Ризницата:

CC-BY[edit]

Според лиценцата „Creative Commons Наведи извор“ (Creative Commons Attribution, CC-BY) можете слободно да правите изведени (преработени) дела и да ги умножувате, распространувате, прикажувате и изведувате делата, па дури и комерцијално.

Задолжително мора да го наведете изворниот автор (или автори), и кога го употребувате делото некаде или го распространувате, задолжително мора да ги споменете условите на лиценцата или да ставите врска до страница кајшто се наведени. Можете да изберете дали идните изменети верзии да бидат под лиценцата CC-BY или не.

CC-SA[edit]

Според лиценцата „Creative Commons Сподели под исти услови“ (Creative Commons ShareAlike, CC-SA) можете слободно да правите изведени (преработени) дела и да ги умножувате, распространувате, прикажувате и изведувате делата, па дури и комерцијално.

Кога го користите делото вон Викимедија или го распространувате, задолжително мора да ги споменете условите на лиценцата или да ставите врска до страница кајшто се наведени. Вашата верзија мора да биде исто така под лиценцата CC-SA.

CC-BY-SA[edit]

Според лиценцата „Creative Commons Наведи извор и сподели под исти услови“ (Creative Commons Attribution and ShareAlike, CC-BY-SA) можете слободно да правите изведени (преработени) дела и да ги умножувате, распространувате, прикажувате и изведувате делата, па дури и комерцијално.

Кога го користите делото вон Викимедија или го распространувате, задолжително мора да го наведете авторот (или авторите) на изворното дело и да ги споменете условите на лиценцата или да ставите врска до страница кајшто се наведени. Вашата верзија мора да биде исто така под лиценцата CC-BY-SA.

Други лиценци за слободна содржина[edit]

Погледајте Commons:Ознаки за слики#Лиценци за Копилефт Став и Commons:Ознаки за слики#Други слободни ознаки.

Контакт со авторот[edit]

Доколку сакате да употребувате содржини под услови поинакви од оние на наведената лиценца, или пак ако треба апсолутно да се осигурате за авторските права, со тоа ќе ви помогне лицето што ја ставило податотеката на опслужувачот на Викимедија.

Аворот на еден текст е лицето кое ги внело зборовите; погледајте во јазичето „историја“ на таа страница. Подигач на една податотека е лицето кое ја ставило на опслужувачот на Викимедија — или изворниот создавач на содржината или пак некој што тука ја довел слободната содржина од некое друго место. Подигачот е наведен по име во одделот „историја на податотеката“ на нејзината страница за опис.

Во некои случаи можете да го контактирате подигачот за да дознаете повеќе за авторскиот правен статус на сликата. Изворниот создавач на сликата можеби ќе сака да ви даде дополнителни дозволи. Подигачите напати имаат пристап до варијанти со повисока резолуција од онаа на нашите опслужувачи, особено кога се работи за нивно сопствено дело.

Фондацијата Викимедија начелно не може да пружа помош при пронаоѓање на корисниците што учествувале со даден материјал. Можете да се обидете да ги контактирате самите, на еден од следниве начини:

  1. Некои имаат контактни податоци на нивната корисничка страница, како на пр. адреса, телефонски број и сл.
  2. Некои можете да ги контактирате по е-пошта со стискање на копчето „испрати е-пошта до овој корисник“ во левиот алатник на нивната корисничка страница.
  3. Можете да им пишете порака на нивната страница за разговор, која ќе ја најдете на јазичето „разговор“ најгоре на корисничката страница, па потоа стиснете на јазичето „+“ што ќе се појави веднаш до јазичето „уреди“ при отворање на страницата за разговор. Напишете ја пораката и сиснете на „зачувај“. (Пораката ќе биде видлива за јавноста).

Непосредно вметнување на слики[edit]

Непосредното вметнување на слики од други мрежни места (hotlinking) е дозволено на опслужувачите на Викимедија. Но и во овој случај се препорачува да се наведе авторот и изворот како во другите случаи.

Имајте предвид дека непосредното вметнување на минијатури (thumbnails) е несигурно, бидејќи тие се создаваат и кешираат - таквите треба да ги ископирате на вашиот сопствен опслужувач.

Исто така имајте на ум дека секој може да менува, вандализира или избрише непосредно вметната слика - но на вашиот опслужувач вие имате контрола врз она што се служи.

Викимедија обично не дозволува услуги од видот hot spider, каде пребарувањето на нечие мрежно место го префрла корисникот на наша страница. Надворешните лица што сакаат да користат наши податотеки треба да ги копираат или една по една, или пак да ја контактираат Фондацијата и да побараат канал во живо (кој може да воспостави како наплатна услуга).

Своја воспоставка на МедијаВики[edit]

Почнувајќи од ревизијата 1.13.0 на МедијаВики можете непосредно да вметнувате мултимедијални содржини од Ризницата на вашето сопствено вики (што работи на програмот МедијаВики).

МедијаВики 1.13.0 - 1.15.x[edit]

Додајте ги следниве редови во localSettings.php на вашата воспоставка:

$wgForeignFileRepos[] = array(
   'class'            => 'ForeignAPIRepo',
   'name'             => 'shared',
   'apibase'          => 'http://commons.wikimedia.org/w/api.php',
   'fetchDescription' => true, // Незадолжително
);

Сега можете да вметнувате слики непосредно од Ризницата без да треба прво да ги прекопирате во вашиот опслужувач. Податотеката: страницата за сликата ќе ги извлече сите информации од Ризницата.

Погледајте Прирачник:$wgForeignFileRepos за повеќе подробности за техничката примена.

МедијаВики >= 1.16.x[edit]

Додајте ги следниве редови во localSettings.php на вашата воспоставка:

$wgUseInstantCommons = true;

Сега можете да вметнувате слики непосредно од Ризницата без да треба прво да ги прекопирате во вашиот опслужувач. Податотеката: страницата за сликата ќе ги извлече сите информации од Ризницата.

Погледајте Прирачник:$wgForeignFileRepos за повеќе подробности за техничката примена.

Примедби по употреба[edit]